0.5 C
Skopje
среда, април 1, 2020

Франција го забрани најчесто користениот адитив во чоколади и гуми за џвакање

Kabtel desktop

Франција од 2020 година ќе ја забрани употребата на титаниум диоксид како адитив во исхраната, откако националната агенција за здравје и безбедност изјави дека нема доволно докази за да се гарантира безбедноста за користење на овој адитив.

Титаниум диоксид кој е означен како додаток E171, се користи во разни производи, вклучувајќи чоколади или гуми за џвакање, пренесува Reuters.

Франција во 2017 година наложила детално пребарување на оваа супстанција, по објавената студија за здравствените ефекти на титаниум диоксидот врз животните.

Според студијата на францускиот Национален институт за земјоделство (INRA), титаниум диоксидот поминува низ цревата и доаѓа до други делови од телото на животното.

Од Националната агенција за здравје и безбедност (ANSES) соопштиле дека засега нема доволно докази за да се докаже дека супстанцијата е безбедна за користење во исхраната на луѓето.

Француската влада изјавила дека за својата одлука ќе ја извести Европската комисија и останатите членки на Европската унија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •