6.9 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Путин го направи првиот чекор кон создавање изолиран руски интернет

Kabtel desktop

Русија е чекор поблиску до создавање свој изолиран интернет, кој би бил целосно под контрола на државата. Баш како што најави, рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој ќе се овозможи создавање национална интернет мрежа целосно одвоена од остатокот од светот.

Иако рускиот интернет моментално е само идеја на хартија, конечно беа откриени детали кои бо можеле да укажат на тоа како Русија планира да ја оствари идејата. Според документите објавени на страницата на руската влада, рускиот интернет би бил под надзор на руската телеокуминикациска агенција Roskomnadzor. Таа генција би требало да осигура достапност на сите комуникациски услуги во Русија во вонредни ситуации, но и да го одвои рускиот интернет од остатокот од светот.

Иако Русија е позната по своите строги правила и заони поради кои им прави проблеми на светските технолошки компании, создавањето исклучиво руски интернет многумина го доживуваат како своевидна цензура и прилика тие на власт да се пресметаат со неистомислениците. Дали рускиот интернет ќе заживее и во пракса останува да видиме, но потписот на Путин значи дека веќе се поставени темелите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •