21 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

10 психолошки трикови кои ќе ви ја подобрат онлајн продажбата (1 дел)

Kabtel desktop

И најмалиот поттик за купувачите честопати е доволен за неодлучните да се одлучат да купат нешто. Дали купувачот ќе се одлучи да купи нешто или не во најголем број случаи зависи од мали психолошки трикови. Вашиот производ може да биде одличен, но ако вашата веб страница не е квалитетно направена, ќе имате проблеми со продажбата.

Пред да и направите ремонт на страницата и да потрошите огромни пари на советници, постои поедноставно решение: суптилни психолошки промени кои ќе делуваат на посетителите. Купувачите се прилагодени да купуваат на одреден начин и со оглед на маркетингот кој е наосечн кон нив, тешко е да го филтрираат непотребното. На тој начин бизнисите кои целосно ја разбираат интеракцијата со купувачите се во целосна предност.

Според тоа, треба да ги истражите суптилните промени кои може да се направат за да се зголеми продажбата. Тоа нема да ви одземе многу време, а ефектите ќе се забележат уште веднаш. Еве 10 психолошки трикови кои можете да ги примените и да видите дали ќе ја подобрат продажбата.

1. Направете да изгледа дека доставата е бесплатна

Купувачите се фокусираат на почетната цена која ја гледаат. Затоа, ако сакате да ја наплатите доставата, тој трошок би требало да го пресметате во почетната цена. Кога купувачите подоцна ќе дознаат за дополнителни трошоци, тоа им создава напнатост и може да ги одврати од конечното купување. Од друга страна, ако им објасните дека доставата е бесплатна, купувачите ќе му веруваат на вашиот бренд и веруваат дека им правите услуга, особено во споредба со цената за достава на конкуренцијата.

2. Поставете ја цената на вашите производи да завршува на 99

Тоа е познато како „ефект на левата бројка“, односно постои психолошка разлика кога корисникот ја гледа цената од, на пример, 199 денари и цената од 200 денари. Купувачот останува фокусиран на бројот 1 наместо на бројот 2. Освен тоа, цената се поставува во рангот на броевите 10 и 20, а не 20 и 30. Без оглед на разликата од само еден денар, корисниците ќе го перципираат производот како поисплатлив.

3. Понудете надградба на производите

При крајот на процесот на купување на купувачите понудете им надградба на производите. На пример, вашиот купувач веќе е подогтвен да плати нешто за 1.000 денари. Во текот на процесот на одлучување за можното купување и процесот на наплата тој ќе се уверува себеси дека купувањето е добра одлука. Ако на крајот понудите додаток од 100 денари, на пример осигурување за некој производ, многу е веројатно дека купувачот ќе го прифати. Ќе размисли: „Каква разлика ми прават уште 100 денари?“ затоа што е психолошки прифатливо и прилагодено на почетната цена на производот.

4. Создадете чувство на итност

Купувачите многу често побрзо ќе се одлучат да купат ако веруваат дека постои временски притисок. Кога ќе веруваат дека истиот производ можат да го купат утре или за една недела за истата или дури и пониска цена, помалку е веројатно дека ќе купат нешто денес. Создавањето чувство на итност води до побрза продажба. Тоа може да се постигне со прикажување ограничен број производи во залихите или со напомена дека цената нема да остане толку ниска уште долго време. Тие сигнали ќе го поттикнат купувачот на брза одлука. Исто така, ќе добие впечаток дека добил одлична понуда по намалена цена или производ кој веќе го купиле многу луѓе.

5. Одговорете на загрижените потенцијални купувачи

Потенцијалните купувачи кои размислуваат да купат некој ваш производ може се двоумат. Можат ли да го добијат истиот квалитет за помала цена на друго место? Дали производот ќе биде ист како на сликата? На веб страницата можете да ја решите недолучностаа на купувачите. Ефикасно е на страницата да додадете сегмент „Често поставувани прашања“ или можете одговорите на некои прашања да ги вметнете во описот на производите. Можете да објасните зошто производот е исплатливи во што се крие неговата вредност потенцирајќи ги посебните одлики или квалитетните материјали. Тоа ќе ги спречи купувачите дополнително да истражуваат и да смислат изговори за да не купат ништо.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •