19 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

ВИДЕО: Како работи Scrubba Mini, најмалата машина за перење алишта во светот?

Kabtel desktop

Седум години по претставувањето на најмалата и најлесната машина за перење, тимот на машината Scrubba тешка само 140 грама се врати со кампања на Kickstarter за машина која ќе им помогне на вечните патници да ја одржуваат својата хигиена. Машината која ја собира во дланка, Scrubba Mini, тежи само 70 грама и иако е толку мала, не значи дека може да пере само чорапи и долна облека.

Наменета е за авантуристи кои кога патуваат со себе понесуваат малку облека. Како и оригиналниот модел, идејата со оваа машина е луѓето кои често се на пат да можат да си ги перат често алиштата. За да се користи треба само во неа да ги ставите валканите алишта, да додадете вода и детергент и да ја затворите. Преку посебен отвор се извлекува воздухот од машината, кога посебно дизајнираниот внатрешен ѕид со пластични испакнатини помага да се тријат алиштата додека корисникот ги трие од надворешната страна. Потоа алиштата треба само да се исплакнат и да се измие Scrubba Mini.

Мини -машината е направена од полиетер обложен со најлон и како што велат креаторите, ги пере алиштата за помалку од три минути. Од компанијата креатор тврдат дека е двапати поефектина отколку перењето на рака и честопати ги дава истите резултати како вистинска машина за перење на струја.

Моментално за машината има кампања на Kickstarter, а донациите за Scrubba Mini почнуваат од 25 долари, за кои добивате една Scrubba Mini. Досега кампањата има собрано повеќе од 24.000 долари, иако првичната цел им била околу 5.200 долари. Се очекува дека првите производи ќе бидат доставени во август годинава.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •