Проектот SkyWay е воздушен транзитен систем кој ќе ги поврзува виталните точки во Дубаи како што е финансискиот центар, центарот на градот и бизнис дисктриктот. Системот ќе биде долг 15 км, а ќе ги транспортира жителите од облакодерите во Дубаи. Ова е еден од неколкуте одобрени проекти.
Проектот на среќата, како што го нарекуваат, има за цел да го трансформира Дубаи во најдобриот град во светот, вели Неговото височество Шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на Обедиентите Арапски Емирати и владетел на Дубаи.
Проектот SkyWay ќе поминува по Улицата на среќата до градското шеталиште, а во секоја од кабините ќе може да се транспортираат по 8.400 патници за еден час во еден правец. Во проектот е вклучена и посебна т.н „небесна градина“(Sky Garden) и две шеталишта.