Инвестицискиот фонд South Central Ventures кон своето портфолио го додава и косовскиот едукативен стартап Labbox, со цел да им помогне во лансирањето на пазарот на нивните едукативни комплети за деца. Имено, производите на Labbax претставуваат забавно едукативно искуство, базирано врз соодветни наставни планови, овозможувајќи им на децата да ја изучуваат технологијата преку серија на предизвици од областа на науката, технологијата, инжинерството и математиката. Ова е прва инвестиција на South Central Ventures во стартап од Косово.
Labbox решава многу значаен проблем кој влијае врз тоа како децата ја изучуваат технологијата. Целта е да се промени нивниот мајндест – да не се плашат да прават грешки, охрабрувајќи ги да експериментираат и всушност да учат од своите грешки. Уникатниот пристап на Labbox се состои во тоа што фокусот е насочен кон учење преку креативно раскажување и охрабрување на децата да ги решаваат предизвиците самостојно, наместо едноставно да им се дадат инструкции.
На овој начин, концептите на технологијата и инжинерството стануваат полесни за разбирање за децата, нудејќи им хардвер од кој добиваат фидбек преку јазик за кодирање базиран врз бои, со цел да можат самостојно да учат и да решаваат проблеми. Пристапот на учење кој го наметнува Labbox го привлече вниманието на многу едукатори низ светот и соодветна пилот-верзија веќе се употребува во јавниот образовен систем во Косово. Labbox освои златен медал на Startup Games минатата година во Лондон, беше финалист на SLUSH – еден од најголемите стартап настани во Хелсинки и претставува виртуелно инкубиран тим во Иновативниот центар на Косово.
Основачи на Labbox се сестрите Арта и Фиона Шеху, кој го основале стартапот во 2018 годна во училницата на нивната детска академија за кодирање, JCoders Academy. Со помош на нивниот тим вешти соработници и стотици часови тестирање на различните компоненти и наставни програми со повеќе од 700 ученици, Labbox бил роден. Денес, компанијата е составена од тим на вешти и искусни луѓе кои работат во сферата на електрониката, програмирањето и сертифицирани едукатори од областа на технологијата и инжинерството. Labbox е еден од првите стартапи во регионот кои се сертифицирани од страна на AdvancEd, најголемата американска агенција за акредитација од областа на едукацијата.
„Како нашите деца го поминуваат времето со технологијата денес ќе го дефинира нивниот пристап и нивните концепти за неа на долг рок. Labbox не го науди само неопходното искуство за учење, туку го менува и мајндсетот на децата да бидат поотворени кон учење од нивните грешки, што е важна особина која ќе изгради една нова генерација на решавачи на проблеми кои ќе ја имаат способноста да изнаоѓаат решенија за проблемите во нашиот свет,“ истакнува Арта Шеху Заими, генерален извршен директор и соосновач на Labbox.
Татјана Забасу Микуж, Managing Partner во South Central Ventures, посочи: „Секогаш бараме инспиративни луѓе, со големо знаење, кои се справуваат со предизвиците на денешниот свет. Можноста да се соработува со креативен тим со многу знаење чија мисија е да ги подготви нашите деца подобро за придизвиците на иднината, како што е случајот со Labbox, е навистина возбудлива и сум многу среќна што ние ќе ги поддржиме во нивната мисија.“