22 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Трамп ќе потпише наредба со која се забранува американските компании да користат технологија на Huawei

Kabtel desktop

Американскиот претседател, Доналд Трамп, неделава ќе потпише наредба со која ќе им забрани на американските компании да користат телекомуникациска опрема која ја произвеле компании за кои смета дека претставуваат ризик по националната безбедност, а тоа значи забрана за соработка со кинескиот гигант Huawei.

Во наредбата нема да бидат наведени одредени земји или компании, а за неа размислувале повеќе од една година и ваќе беше одложувана неколку пати. Тоа го откриваат добро упатени американски владини претставници за Reuters, кои велат дека може да дојде и до повторно одложување.

Наредбата би се повикала на Меѓународниот закон за итни економски овластувања, кој на претстедателот му дава овластување да ја регулира трговијата како одговор на итна ситуација на национално ниво, која и се заканува на САД. Наредбата ќе му наложи на Министерството за трговија во соработка со други владини агенции за изработи план за извршување.

Ако Трамп ја потпише наредбата, тоа ќе се случи во чувствителен период во поглед на односите меѓу САД и Кина, двете најголеми економски сили кои подигаат тарифи поради несогласувања за, како што велат од американската влада, нечесните практики на тргување. Во Вашингтон веруваат дека опремата која ја произведува Huawei, третиот најголем производител на смартфони во светот, Кина може да ја искористи за шпионирање. Тие обвинувања од Huawei неколку пати ги отфрлаат како неточни.

Америка активно врши притисок и на други земји да не ја користат технологијата на Huawei за 5G бидејќи била недоверлива. Во август минатата година Трамп потпиша закон со кој на американската влада и збарани користење на опремата на Huawei, како и на опремата на друг кинески провајдер – ZTE групацијата.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •