25 C
Skopje
четврток, јуни 4, 2020

Минијатурниот автономен автомобил Renault EZ-POD ќе ги направи луѓето уште помрзеливи

Kabtel desktop

Renault минатата година претстави три концепт автомобили за најмрзеливите граѓани – EZ-GO, EZ-PRO и EZ-ULTIMO – и без оглед на тоа колку се звучни имињата на тие модели, нема наскоро да се најдат во производство. Но, последниот обид на оваа автомобилска компанија да направи иновативен концепт автомобил на четири тркала изгледа е најблиску до реализација и комерцијализација.

Никој нема против развојот на нова модерна технологија, но автомобилот EZ-POD сигурно ќе не направи уште помрзеливи отколку што сме станале поради сите уреди кои ни се на дофат. Renault го опишува автомобилот како мал, автономен, конектиран и електричен роботизиран автомобил кој е наменет за транспорт на луѓе и стока на кратки растојанија.

Направен е на истата платформа како Twizy, има место за двајца возрасни патници, но батеријата овозможува минимално поминато растојание со едно полнење и има многу повеќе камери и радари за да му помогнат на компјутерот да знае каде вози.

Нема информации за брзината со која би се движел, но од Renault го споредуваат со електрични скутери и велозипеди по начинот на возење на EZ-POD, односно како превозно средство за микромобилност со ограничена брзина. Од Renault велат дека EZ-POD ќе може да се користи по аеродроми, паркинзи и шопинг центри.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •