21 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

ВИДЕО: Volvo дизајнираше автономен камион за собирање ѓубре

Kabtel desktop

Групацијата Volvo дизајнираше камион за собирање ѓубре од контејнерите кој е целосно автономен. Камионот самиот може да вози по улиците, да застане таму каде што има контејнер, а луѓето треба само да го прикачат контејнерот за камионот да го истури во приколката.

Камионот е дизајниран да го направи возењето побезбедно во густо населени области. Сензорите вградени во камионот ја следат близината на возилото и кога ќе детектираат пречка, веднаш застанува. Рутата на камионот се програмира пред тргнувањето и камионот секогаш знае каде да застане.

Еден многу битен бенефит на новата технологија е тоа што се намалува веројатноста за појава на најчестите поврeди на зглобовите на работниците во оваа професија. Автономниот камион исто така има и други бенефити за животната средина – менувањето брзини, забрзувањето и самото возење се оптимизирани за да се троши што е можно помалку гориво и да се емитуваат што помалку отровни гасови.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •