Во иднина гориво ќе добиваме од воздухот!

- Advertisement -

Фосилните горива уште се најпопуларниот избор на енергија за возилата, авионите, бродовите, но и извор на материјали за повеќе производи кои ги користиме во секојдневниот живот.

Научници од Универзитетот на Торонто открија нов начин на кој би можеле да добиваме гориво во иднина – извор на енергија би бил самиот воздух. Тие развија нов електрохемиски пат за трансформација на јаглерод диоксидот во основна супстанција од која може да се произведе гориво за авиони или пластика.

- Advertisement -

Како што велат научниците, веќе е возможно да се издвои CO2 од воздухот, но таа постапка е многу сложена и троши многу енергија. Канадскиот тим сфатил дека може да се искористи електролизата, која се користи за производство на водород од водата, за добивање растопен јаглерод во CO2.

Притоа, тие користеле биполарно мембрана, нов дизајн на електролизата кој е одличен за создавање протони. Токму тие протони би биле она што им фали за растопениот јаглерод да го вратат во CO2 гасот.

- Advertisement -

Научниците велат дека ќе помине доста време и уште многу истражувања за да може овој процес да се користи во индустријата.

Сподели!
- Advertisement -