Tip of the Week – БРАВО дечки!!!

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

.

Неблагодарно и би било нефер ако не го искористам овој момент и нашиот медиумскиот простор, а да не ги поздравам и им честитам на ракометарите на  ВАРДАР за успехот кои го постигнаа викендов, како и радоста што ни ја приредија овие неколку дена.

- Advertisement -

БРАВО дечки, секоја чест! Нè исполнивте со убава енергија, драгоцени моменти и за кратко ни помогнавте да заборавиме на секојдневните проблеми и случувања околу нас.

Сепак, да не остане само на честито, да пробаме да го поврземе овој настан и со нашиот концепт на „неделен совет”. Покрај сè она што можеше да се научи, како треба да се однесува еден професионалец (без оглед дали е спортист, инженер, доктор, економист, уметник…) на терен или во канцеларија, пожртвуваност, посветеност, фокус, тим, индивидуалност, резултат, лидерство, позитивен став, истрајност, сила, енергија, максимум, стратегија, уметност, умешност, љубов, страст, пасија, верба, несебичност, благодарност, еуфорија, здружување, моќ, фамилија, поддршка…сигурно има уште многу работи, но сепак, една карактеристика што мислам дека може да се истакне и да се наведе како најважна за остварување на овој успех е нивната МОТИВАЦИЈА.

- Advertisement -

Она што може да ти го направи мотивацијата, не можат ниту едни пари, злато, кола или какво било материјално задоволство. Кај нас, за жал, (нормално многу оправдано) како број еден, мотивациски фактор се парите. На нашите обуки, кога разговараме со учесниците за тоа што ги мотивира, генерално, одговорите се дека парите се најважен мотивациски фактор. Парите се супер, и барајте си повеќе пари, ако мислите дека заслужувате, но не може ништо да се спореди, никое надворешно материјално задоволство, со внатрешниот порив, мотив, волја да направиш нешто, да постигнеш некој резултат.

Драго ми е дека ВАРДАР со ова успеа да ни го покаже тоа на дело. Покрај сите препирања во клубот и надвор од него, пари, притисоци, политики и што уште не, играчите успеаја да ја одржат концентрацијата и со невидена мотивација и жар во срцата ги оставија своите тела и души на теренот.

- Advertisement -

Неверојатно ми е како во тие години на беспарица, секојдневни натписи во медиумите дека клубот се распаѓа, не се скараа, не се наруши „хемијата“ кај момците. Се случи сосема спротивното. Имам чувство дека тоа што се случуваше со Вардар, само дополнително ја зближи екипата и дека проработе инаетот.”

Кире Лазаров

(ракометар)

Уште еднаш, БРАВО дечки!

П.С.  А да не заборавам да додадам, и на нивното влијание во однос на тоа дека досега никоја организирана и маркетиншки поддржана иницијатива, не успеала да собере толку маса од луѓе на едно место, и тоа без никаква иницијатива или претходни планирања и притисоци.

Со успех во промените,

Петар Лазаров,

член на тимот

Сподели!
- Advertisement -