Кој е најдобриот претприемач во светот според “Ernst & Young”

- Advertisement -

Најдобар претприемач на светот за 2019 година е американецот Бред Кјувел, чија софтверска компанија на глобално ниво имала најбрз раст, одлучи така жирито на ревизорско – консултантска компанија “Ernst & Young” во Монте Карло, на натпревар за претприемач на годината (EY).

Трет пат за 19 години наградата заминала во рацете на еден Американец, Кјувел, кој во 2014 година ја основал компанијата Uptake Technologies, чија вредност за само четири години достигнала две милијарди американски долари.

- Advertisement -
Произведува софтвери за предвидување на проблеми, пред се, во индустријата, но неговото ширење го користат и кениските граничари за откривање и спречување на трговијата со луѓе.

“Суштината на претприемништвото е ние да веруваме во невозможното, сакаме да го промениме светот, да најдеме нов, пократок пат до целта. Револуцијата во собирањето на податоци и предвидување на проблеми штотуку започна, а јас сакам да најдам решенија за некои од најитните економски и социјални предизвици во светот”, изјавил Кјувел.

Сподели!
- Advertisement -