-7.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Ајкулата WasteShark е првата ајкула која сите би ја посакале во своите води

Kabtel desktop

Ајкулите се предатори и добри ловци, но за разлика од обичните ајкули кои се хранат со морски животни помали од нив, ајкулата WasteShark се храни со отпад. И таа е многу добар ловец, но наместо да се храни со месо, таа го лови отпадот кој го фрлиле несовесните граѓани,

Овој навистина општествено корисен дрон за вода може да ги спаси океаните од нашата неодговорност. WasteShark е наменет за урбани средини, каде што ќе го лови отпадот и нема да дозволи да дојде до океаните.

Една верзија од овој дрон може да се движи самостојно и е дизајнирана да собира отпад по 16 часа дневно и да собере максимум 350 кг отпад дневно. Притоа, не испушта јаглерод диоксид во атмосферата.

Креаторот Ричард Хардимен вели дека WasteShark исто така ја следи состојбата на околината и испраќа податоци до централната команда. Ова е првата ајкула која сите би ја посакале во своите води.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!