-2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2020

Полицијата во Калифорнија го претстави своето најново засилување – Робокап

E-commerc 11.11.2020

Полицијата во Калифорнија, односно во гратчето Хантингтон Парк го претстави најновото засилување во своите редови, кое е се само не обично и секојдневно. Новото засилување се вика Робокап (Robocop) и е робот кој патролира по јавните паркови и треба со самото свое присуство да ја намали стапката на криминал во паркот.

Но, калифорнискиот Робокап не е како имењакот од познатиот филм. Овој робот повеќе личи на џиновско јајце на тркала. Опремен е со камери со кои ја контролира ситуацијата околу себе, а по потреба може и да снима.

Не е премногу комуникативен и може да каже кратки реченици како што е „Добар ден“, но веќе има свој профил на Twitter. Иако жителите на Хантингтон Парк имаат поделено мислење за новиот робот, свој коментар даде познатиот иноватор Илон Маск.

Во свој стил, Маск на приказната за Робокап прикачи видео од филмот „Терминатор“, алудирајќи притоа дека Робокап однадвор изгледа питомо, додека внатре во него се сокрива нешто прилично злобно.

Ова не е првиот обид за воведување роботи во полициските сили, но сите досегашни обиди немаа баш среќен крај. Можеби Робокап ќе има повеќе среќа.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •