2.3 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Две македонски иновации прогласени за најиновативни во регионот

Kabtel desktop

Викторија Бежовска и Нино Ристески се македонските иноватори кои во Патрас, Грција и во Драч, Албанија добија признание за најиновативни идеи во рамките на И3 проектот „Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“.

Во конкуренција на 50 иноватори од пет држави: Грција, Албанија, Кипар, Бугарија и Македонија, идеите за Е3 Cycle (Ефикасен, еколошки, економичен) велосипед и за пречистување на реките од цврст отпад „Riversave” беа истакнати како најдобри.

„Пред присутните инвеститори, иноватори и заинтересирани лица, изминативе две години беше истакната важноста на иновациите до која се стигнува преку трансфер на знање“ изјави д-р Андријана Богдановска, директор на Центарот за управување со знаење, партнер во проектот.

(Нова Македонија)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •