25 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

Кинески Oppo претстави селфи камера која е вградена под екранот од телефонот

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Кинеската компанија Oppo го претстави своето ново технолошко решение, а тоа е селфи камера вградена под екранот на телефонот. Во изминатите неколку години се води дебата за тоа кој е најдобриот начин да се максимизира просторот за екранот на предната страна од смартфоните и каде да се поставуваат клучните компоненти на уредите за да доминираат екраните.

Клучот е во интегрирање на компонентите во сдамиот екран, што веќе го видовме со сензорот за отпечатоци од прст, а сега е на ред и селфи камерата. Oppo е компанија која експериментира со рабовите на екраните и со поп-ап камерата, а сега стана и првата компанија во светот која прикажа решение за селфи камерата со вградување под екранот.

Oppo откри дека за екранот е искористен провиден материјал кој работи со редизајнирана структура на пиксели, така што светлото може да дојде до камерата. Самиот сензор е поголем во однос на останатите селфи камери и има леќа со поголем отвор на блендата. Дел од екранот резервиран за камерата и понатаму е осетлив на допир, а од Oppо тврдат дека квалитетот на екранот нема да биде загрозен.

Меѓутоа, свесни се дека ставањето на екранот пред камерата ќе го намали квалитетот на фотографијата и ќе биде потребно да се надминат другите значајни проблеми како што се замаглување, отсјај и одливање на бои. Наводно, Oppo има развиено алгоритам кој е задолжен за решавање на овие проблеми и тврдат дека квалитетот на фотографиите направени со предната камера е еднаков на тој мој моментално го имаат најдобрите камери на пазарот. Овој најнов уред со камера вградена под екранот ќе се најде на пазарот наскоро.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •