ВИДЕО: На Малдивите се отвори првиот подводен хотел во светот

- Advertisement -

На Малдивите беше отворен најголемиот подводен хотел во светот. Хотелот се вика Muraka, а е дел од ресортот Conrad Maldives Rangali Island Resort. Вилата на два ката се наоѓа на длабочина од речиси пет метри под вода во Индискиот Океан.

Во рамките на подводниот хотел има приватна теретана, бар, базен и бања со поглед кон океанот. Сепак, ова луксузно задоволство дефинитивно не е за секого поради навистина високата цена. Подводната вила може да се изнајми само на четири ноќи по цена од 200.000 долари.

- Advertisement -

Во пакет-услугата која ја добивате, освен сместувањето, вклучен е и ваш личен готвач за сите оброци кои ќе ги посакате, како и приватен брод.

Amazing Underwater Resort in Maldives 🌊

Posted by ₚₐᵣₐdᵢₛₑ on Сабота, 11 мај 2019

Сподели!
- Advertisement -