10.1 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Зелена планета Возењето велосипеди во Холандија исто како да се садат 54 милиони дрвја...

Возењето велосипеди во Холандија исто како да се садат 54 милиони дрвја секоја година

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Холанѓаните возат толку многу велосипед што е исто како да садат 54 милиони дрвја секоја година. Со возење велосипед 7 км се заштедува 1 кг СО2 во споредба со кога се вози автомобил. Холанѓаните се на прво место во светот по возењето велосипед и во земјата има повеќе велосипеди отколку луѓе.

Една четвртина од сите патувања во Холандија се прават со велосипед. Освен рамната површина, она што ги поттикнува луѓето да возат велосипед се и владините мерки како изградбата на цела мрежа од велосипедски патеки и промовирањето на бенефитите по здравјето.

Според анализите, возењето велосипед го продолжува животот на луѓето во просек за 6 месеции заштедува повеќе од 3% од националниот БДП. Возењето велосипед дури може и да им донесе заработка. Некои компании на своите вработени им нудат пари за да возат велосипед до работа и назад.

На глобално нибо, транспортот со камиони е еден од најголемите причинители на емисијата на СО2 во воздухот и веќе е одговорен за една четвртина од вкупната емисија на СО2. Собраќајот со автомобили, пак, е делумно одговорен за ситуацијата денеска и како последица на загадениот воздух годишно има по 3,7 прерано умрени луѓе.

The Dutch lead the world in cycling

🚲❤️🚲❤️🚲❤️🚲❤️

Posted by I amsterdam on Петок, 05 јули 2019

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •