Швајцарија е најдобра земја за работа и живот

- Advertisement -

Швајцарија е земјата која е прогласена за најдобро место за работа и живот. Оваа мала европска земја се најде на тронот на HSBC листата и ја симна од првото место Сингапур која пет години беше на врвот.

Високиот животен стандард, конкурентните плати и стабилната политичка и економска ситуација, се главните причини за овој успех на Швајцарија.

- Advertisement -

Речиси 82 % од луѓето кои заминале во Швајцарија изјавиле дека се премногу задоволни од стандардот кога ќе го споредат со нивните матични земји.

Покрај Швајцарија и Сингапур, на првите места се наоѓаат и Канада, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.

Сподели!
- Advertisement -