10.1 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Зелена планета Шангај ќе престане да го собира ѓубрето од улица ако луѓето не...

Шангај ќе престане да го собира ѓубрето од улица ако луѓето не рециклираат

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Шангај ќе престане да го собира ѓубрето од соседства каде што луѓето не рециклираат. Со цел да се поттикнат луѓето на „позелен“ начин на живот, жителите на Шангај сега ќе мора да го сортираат ѓубрето во четири различни корпи.

Една корпа ќе содржи отпад од храна, другата ќе биде отпад за рециклирање како што се лименките и пластичните шишиња или стаклото, третата корпа ќе биде наменета за опасен отпад како што се батериите и сијалиците, а последната корпа ќе биде за друг сув отпад како што е прашината што ја собира правосмукалката.

Луѓето ќе мора да го фрлаат отпадот во јавни корпи и тоа во одредено време за сите да можат да видат дали нивните сосесди правилно го сортираат ѓубрето. Доколку некој го прекрши законот повеќе од еднаш, следува казна од 30 долари. Бидејќи луѓето не се одговорни кон отпадот што го создаваат, цели соседства одбиваат да го собираат ѓубрето од улица.

Во Шангај се создаваат 9 милиони отпад годишно. Кина се залага за имплементирање на програми за рециклирање и планира да лансира 100 нови бази за рециклирање до крајот на 2020 година. Ова се случува откако земјата забрани увоз на отпад од странство, кој одземаше голем дел од капацитетите за рециклирање на земјата.

Најбитно за создавање одржливи градови е да се најдат начини за намалување на отпадот или негова реупотреба. Се очекува дека поради растот на популацијата и урбанизацијата светот до 2050 година ќе генерира 70% повеќе отпад.

Shanghai will stop collecting trash from neighbourhoods if people don't recycle

The biggest recycling initiative in China. 📕 Read more: https://wef.ch/2Xm4oQt

Posted by Video – World Economic Forum on Петок, 05 јули 2019

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •