6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

ВИДЕО: Овој лондонски паб е најетичкиот во светот

Kabtel desktop

Овој лондонски паб ви овозможува да го направите светот подобро место за живот така што ќе јадете таму. Пабот The Green Vic се нарекува себеси најетички бар во светот. Вработените во пабот се бездомници, поранешки затвореници и луѓе со инвалидитет.

Пивото кое се продава таму е направено од бајат леб и од остатоците од леб кои ги оставаат гостите. Се служи само веганска храна, а чепкалките за заби се направени од пченица без глутен. Освен тоа, пабот спонзорира некои локални проекти и помага на банките за храна.

Брендовите чии пијалаци се нудат во барот поддржуваат 40 различни хуманитарни организации. Еден од брендовите за пиво финансира проекти за снабдување со чиста вода на населението во Африка.

Дури и тоалетите се етички. Сапунот кој е поставен во тоалетите го прават слепи луѓе, а рециклираната тоалетна хартија која се користи помага да се изградат тоалети во земјите во развој. Сепак, и покрај тоа, Green Vic  се турди цените да бидат разумни. 60% до 80% од профитот оди за добротворни цели.

Пабот е поп-ап паб и ќе го има само три месеци, но сопственикот се надева дека ќе прерасне во постојан одржлив проект.

This London pub helps you make the world better just by eating out

Around 60-80% of profits go to charitable causes. 📕 Read more: https://wef.ch/2LTXXxh

Posted by Video – World Economic Forum on Четврток, 11 јули 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •