4.3 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Индија успешно лансираше ракета кон Месечината

Kabtel desktop

Индија успешно ја започна својата лунарна мисија откако минатата недела го одложи лансирањето на ракетата поради технички проблеми. Candrayaan-2 денеска беше лансирана од вселенската станица Шихарикота во 14:43 часот по локално време. Индија се надева дека оваа мисија вредна 150 милиони долари ќе биде првата која ќе слета на јужниот пол на Месечината.

Лансирањето на ракетата берше емитувано во живо на државната телевизија како и преку социјалните медиуми. Откако беше успешно лансирана во контролната соба на Индиската организација за вселенски истражувања следуваше неколкуминутен аплауз, додека ракетата патуваше кон надворешната атмосфера.

Инаку, ова е најсложената мисија која ја извела агенцијата. „Ова е почеток на историско пагтување на Индија кон Месечината“ изјавија од агенцијата. Минатата недела лансирањето на ракетата беше одложено 56 минути пред самиот старт, наводно поради истекување на хелиум во криогениот мотор на ракетата.

Првата лунарна мисија која ја спроведе Индија во 2008 година наречена Chandrayaan-1 не доведе до слетување на површината на Месечината, но во текот на оваа мисија беше извршена првата и најдетална потрага за вода на Месечината со помош на радари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •