Coosno е првата кафе-масичка во светот со вграден фрижидер

- Advertisement -

Сите сакаме да ја најдеме совршената кафе-масичка за нашата дневна или спална соба. Квалитетната дрвена масичка може е традиционалниот избор, но зошто наместо тоа не избереме нешто ултрамодерно?

Coosno е паметна кафе-масичка која е дизајнирана за иднината. Таа е впечатливо парче мебел кое го привлекува виманието и нуди неверојатни перформанси.

- Advertisement -

Светкавата, футуристичка масичка служи истовремено како музички систем, фрижидер, диско топка и складиштен простор за секоја соба во вашиот дом. Со Coosno е решен проблемот кога мора да станете од кревет среде омилениот филм за да земете уште едно пиво, сок или грицки. Со вградениот фрижидер, секогаш при рака ќе го имате секој ваш омилен пијалак совршено изладен. Во неа има простор за дури 68 лименки пиво. А може да ставите и сокови, грицки, вино итн.

Фрижидерот го контролирате со гласовни команди. Освен тоа, со Coosno секоја ваша забава ќе стане незаборавна затоа што има вградени Bluetooth стерео звучници. Треба само да го поврзете Coosno со апликацијата за паметен телефон и од телефон можете да ја пуштате музиката што ја сакате. Црешата на тортата е тоа што во масичката има и вградени ЛЕД светла, па домот лесно можете да го претворите во вистинско диско.

Сподели!
- Advertisement -