4 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Едноставен трик со кој може да проверите дали вашето его му наштетува на вашиот успех во работата

Kabtel desktop

Некои луѓе, со оглед на поголемата одговорност, растат после предизвиците. Градат нови вештини, преземаат поголеми проекти и настојуваат да ги задоволат потребите на своите нови улоги. Други, пак, поинаку реагираат на вкусот на успехот. Работат исклучиво за свој интерес, озборуваат и го ограничуваат напредкот на другите. Авторката на бестселери и водителка на CNBC, Сузи Велч, го цитира својот сопруг, поранешниот извршен директор Џек Велч: „Успехот прави некои луѓе да растат, а некои да се надуваат“.

Луѓето кои растат имаат здрава самодоверба. тие се ученици, градители и тимски играчи и поради тоа нивната кариера продолжува да расте. Луѓето, пак, кои ќе се надуваат се само арогантни. Тоа набрзо станува заморно и вообичаено таквото однесување е билет до самоуништување.

За да ви помогнеме да одредите во која категорија спаѓате, можете да го решите следниот квиз.

 

1. Поминувате ли повеќе време рзмислувајќи за…

A. Вашето идно унапредување

B. Развојот на кариерата на луѓето кои работат со вас

Одговорот A во овој случај е арогантен, затоа што арогантните луѓе секогаш себеси се ставаат на прво место. Од друга страна, самоуверените луѓе размислуваат за другите и се подобри во поглед на се, вклучувајќи ја и довербата и посветеноста.

 

2. На состаноците вообичаено…

A. Препуштате подредените под вас или колегите да одговараат на прашања

B. Се активирате и одговарате на секое прашање сами

Ако сте некој кој го сака звукот на сопствениот глас, тоа е сигурно црвено знаменце дека премногу сте фокусирани на себеси.

 

3. Ако некој од вашиот тим е попаметен од вас, мислите ли…

A. Одлично!

B. Колку е напорен/на

Самоуверените луѓе сакаат да бидат тие кои го прошируваат своето размислување и ги подобруваат шерформансите, па така го подигнуваат нивото за сите. Арогантните луѓе, пак, не мислат дека некој е попаметен од нив и им пречи што некои други луѓе се попаметни,  Како резултат на тоа, наместо да ги слушаат нивните интелигентни соиграчи, се обидуваат да ги исфрлат од игра. На крајот, тоа е убиство на тимот и самоубиство.

Иако оваа анализа на себеси може да биде предизвик, ова е клучно за вашиот иден професионален успех. Вообразеноста не е тешко да се искорени затоа што, всушност, се е во вашата глава.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •