6 C
Skopje
понеделник, април 6, 2020

Holiday Inn ќе ги повлече мини шишенцата со шампон од сите 5.000 хотели

Kabtel desktop

Групацијата InterContinental Hotels ќе ги повлече шишенцата со шампон, регенератор и гел за туширање од сите свои повеќе од 5.000 хотели во светот со цел да го намали пластичниот отпад. Сопствениците на Holiday Inn, синџирите Crowne Plaza и InterContinental, ќе почнат да користат диспензери, реупотребливи шишиња и керамички садови до крајот на 2021 година.

Хотелите сочинуваат една третина од групацијата InterContinental, вклучувајќи и некои Holiday Inn Express во Америка, Kimpton во Лондон, спа ресортот Six Senses и поновите брендови Voco, Even и Avid. Тие сите се префрлија на големи диспензери или на реупотребливи садови.

Од компанијата велат дека годишно користат околу 200 милиони минијатурни шишиња за шампони и други средства за бхигиена, што е еднакво на 1 милион килограми пластика. Иако тие се популарен сувенир, кој луѓето секогаш го понесуваат со себе на заминување, поради загриженоста за пластичниот отпад, повеќе нема да се користат и веќе се отстранети од 1.500 хотели на Marriott.

Од Marriott велат дека просечниот хотел троши повеќе од 23.000 мали пластични шишенца годишно, но со забраната која тие ја вовеле во светот има 51.000 килограми пластичен отпад годишно. Многу земји исто така воведоа забрана за пластиката за еднократна употреба. Државата Калифорнија, пак, размислува за воведување и забрана на пластични амбалажи за средства за хигиена помали од 340ml во хотели и други сместувачки капацитети почнувајќи од 2023 година, а казните за непочитување на забраната ќе се движат до 2.000 долари.

ЕУ изгласа воведување забрана за пластичните сламки, мешалки, прибор за јадење, стапчиња за уши и стапчиња за балони. Оваа мерка е дел од пошироката рестрикција на пластичните предмети за еднократна употреба со цел до 2030 година 55% од сета пластика која се употребува во ЕУ да биде рециклирана.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •