-1.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2020

Деветгодишно момче од Нигерија има направено повеќе од 30 игри за мобилен телефон

Kabtel desktop

Сместен во елегантна дневна соба во куќа во предградие на комерцијалниот центар на Нигерија, Лагос, Базил Окпара Јуниор чука по тастатурата од својот лаптоп. Ова деветгодишно момче прави игри за мобилен телефон користејќи ја бесплатната апликација за програмирање наречена Scratch 2. Scratch 2 овозможува корисниците да создаваат игри, анимации и приказни онлајнили офлајн. Досега Базил со помош на оваа апликација има направено повеќе од 30, односно околу 47 игри за мобилен телефон.

Новата игра која ја прави сега вклучува пакла која е програмирана да се сокрива, а кога играчот ќе ја фати, добива поени. „Научив да правам игри во камп, а сега ги правам кога ми е досадно“ вели Базил, кој сака да стане научник. Во март годинава татко му го пријавил на петдневен камп за деца од 5 до 15 години. Кампот, кој го организирал Codefest International, е основан за на децата како Базил да им овозможи пристап до технологии како роботика и виртуелна реалност.

Базил израснал играјќи игри на мобилен телефон, вели неговиот татко, Базил Окпара Сениор. Тој на својот син му купил таблет кога имал само 4 години. „Му купив таблет кога имаше четири години затоа што видов дека постојано го зема телефонот за да игра игри. Најмногу играше Candy Crush и Temple Run“, вели таткото.

Од играње игри преминал на правење игри кога имал само седум години откако татко му го прекорил зашто премногу време поминувал на играње игри, наместо да направи своја игра. Иако тој предлог не бил сериозен, Базил го сфатил многу сериозно. Оттогаш активно покажувал интерес да научи како да прави свои игри, наговарајќи ги родителите да му купат лаптоп и да го пријават на камп за да ги научи првите чекори од правењето игри.

Игрите на Базил се во суров облик и може да им се пристапи од компјутери на кои е инсталиран Scratch 2. Но, како што вели неговиот татко, една од нив, наречена Frog attack, ќе биде достапна за јавноста на Google Play Store во текот на август.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •