4.1 C
Skopje
вторник, јануари 21, 2020

Се создава најголемата новинска компанија во САД

Kabtel desktop

Американскиот холдинг New Media Investment Group ја купува медиумската фирма Gannett, сопствениците на националниот весник USA Today, за 1,4 милијарди долари, со што ќе настане најголемата новинска компанија во САД, стои во соопштението на двете американски компании, пренесува www.rabotnik.com.mk.

Двете компании, гледајќи ја циркулацијата на дневните изданија, се најголеми сопственици на весници во САД. New Media, односно нивната ќерка фирма Gatehouse Media, издава 144 дневни новински изданија, а после аквизицијата на Gannett, заедно ќе имаат 263 изданија на дневни весници во 47 американски сојузни држави.

Според Ројтерс, издавачот Gannett е најпознат сопственик на весникот USA Today кој се штампа во 750,000 примероци дневно, во последните години се обидува да се пренасочи на дигитални изданија, вложувајќи милиони во онлајн инфраструктурата и маркетинг, но сеуште не е во чекор со останатите играчи.

Со спојувањето се очекува брза дигитална трансформација на Gannett, основан во далечната 1906 година, а двете компании очекуваат и заштеда од 300 милиони долари годишно, најмногу во технологија и вработени.

Таквото спојување на големите медиумски куќи, пишува CNN, во последно време значи намалување на работните места на двете страни. Така, на пример, после минатогодишното спојување на Дизни и 21 st. Century Fox без работа останале речиси 4,000 луѓе.

Сепак, извршниот директор на New Media групата, Мајкл Рид во своето обраќање не е осврнал на таквото сценарио. „Веруваме дека оваа трансакција ќе создаде поголема вредност за нашите акционери, поголеми можности за нашите вработени и посилна иднина за новинарството“, рекол тој.

New Media, која е во сопствеништво на јапонската SoftBank група, во Gannett ќе има удел од 50, 5 посто, а на чело ќе седи токму Рид.

Според медиумите, аквизицијата се проценува на вкупно 1,38 милијарди долари, но акционерите на Gannett ќе бидат исплатени комбинирано, преку готовина и акции.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •