4.1 C
Skopje
вторник, јануари 21, 2020

Цукерберг сака да користи вести од најпознатите светски медиуми на Facebook

Kabtel desktop

Facebook за неколку месеци ќе добие нова категорија во мобилната апликација во која ќе се прикажуваат вести и новости од некои битни медиуми. Моментално нема повеќе детали во врска со категоријата „News”, но од компанијата на Марк Цукерберг потврдија дека работат на таа новина. На интернет, пак, кружат информации дека моментално се во тек преговори со претставници од некои од познатите медиуми како ABC News, Bloomberg, The Washington Post и други за содржините кои би требало да се најдат во таа категорија.

Не е познато кои од медиумите ја прифатиле понудата на Цукерберг. Според информациите, предлогот на Facebook е да им плаќа по 3 милиони долари за прикажување на содржините, но преговорите и понатаму траат и повеќе детали ќе има наредните месеци. Една од причините поради кои Facebook ја сака таа посебан категорија во која корисниците ќе имаат пристап до веродостојни медиуми е борбата против лажните вести, кои се еден од најголемите проблеми не само за Facebook, туку и за другите социјални мрежи и интернетот како целина.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •