7.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

20.000 млади Европејци бесплатно ќе ја шетаат Европа

Kabtel desktop

Младите од Европа повторно имаат шанса бесплатно да го прошетаат континентот благодарение на иницијативата „Discover EU“ („Открија ја Европската унија“), поддржана од Европскиот парламент. Минатата година 30.000 луѓе добија шанса да ја прошетаат ЕУ бесплатно, а годинава дополнителни 20.000 ќе бидат дел од иницијативата.

Тие 20.000 луѓе ќе можат бесплатно да птуваат по Европа во периодот од 1 август 2019 до 31 јануари 2020 година. Патувањето главно ќе се одвива со воз, но може да се користи и автобус, параброд, а ако живеат на премногу изолирани локации ќе може да користат и авион во исклучителни случаи.

Учесниците ќе можат да патуваат до 30 дена во најмалку една земја. Тие кои имаат некаков инвалидитет или посебни потреби ќе имаат прилика да добијат и друга поддршка во поглед на трошоците или обезбедување на придружник човек или куче за тие што имаат проблеми со видот.

Европскиот Парламент цврсто ја поддржува идејата за бесплатно патување низ Европа за сите млади 18-годишни луѓе родени во периодот од 2 јули 2000 година и 1 јули 2001 година. Членовите на Парламентот веруваат дека оваа иницијатива ќе им овозможи на младите да го доживеат диверзитетот на Европа, подобро да ги разберат другите европски нации и да научат повеќе за континентот на кој живеат.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •