3.2 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2020

Јапонци направија роботски опаш кој им помага на луѓето со проблеми со грбот

Kabtel desktop

Сите знаеме дека Јапонија е необична земја со многу луди изуми и гаџети, а еден од најновите бизарни производи од Земјата на изгрејсонцето е роботски опаш кој е наменет за луѓето. Научниците и инженерите од Универзитетот Кејо велат дека нивниот роботски опаш наречен Arque има иста функција како што имаат опашите кај животните – да помага во одржување на рамнотежата на телото.

Во случај на луѓето овој опаш би требало да им помогне да добијат дополнителна стабилност и рамнотежа при одредени задачи како што е брзото одење или носењето тешки предмети, како и да го поправи држењето на телото и рбетот.

Покрај тоа, има интерес за него и од гејминг индустријата, па би можело во игрите со виртуелна реалност за ги исфрла луѓето од рамнотежа или да им дава реалистично чувство на лик со опаш како гуштер или диносаурус.

Кога ќе се монтира на луѓето, функционира како противтежа. На него се наоѓаат четири вештачки мускули кои можат да го соберат или да го шират со користење на пневматски систем кој управува со движењето на опашот. Со оглед на тоа дека опашот е споен со цевки за воздух на тој систем, не е целосно мобилен, па не можете да се прошетате далеку, но научниците се обидуваат да направат и мобилна пневматика, па веруваат дека би можел да им користи на работнциите во фабрики кои ракуваат со тешки товари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •