Koj e најдобриот паметен телефон во светот?

- Advertisement -

Huawei ја прими наградата за најдобар паметен телефон во светот од EISA (Expert Imaging and Sound Association), групација која опфаќа 55 најценети списанија за потрошувачка електроника во светот, за својот Huawei P30 Pro. Телефонот е прогласен за најдобар паметен телефон за 2019-2020 година, а компанијата ја освојува оваа награда втора година по ред.

EISA ја истакна можноста за фотографирање во услови со слабо осветлување на Huawei P30 Pro како далеку најдобра која моментално може да се добие на паметен телефон. Исто така, пофалби доби и широкиот објектив, портретниот начин на снимање и перископскиот 5X телефотообјектив, со што Huawei го надминува секој конкурент.

- Advertisement -

Huawei P30 Pro направи неверојатен чекор напред во мобилната фотографија со претставувањето на SuperSpectrum сензорот, оптичкиот SuperZoom објектив и новата ToF (Time-of-Flight) камера, како и со подобрувањето на технологијата за оптичка и AI стабилизација на сликата.

Ненадминливиот систем од Leica камери се состои од 40 MP главна камера, 20 MP ултра камера со широк агол, 8 MP телефото и ToF (Time-of-Flight) камери. Новиот перископски телефото објектив дава повеќе можности за оптичко зумирање во компактното куќиште без губење на квалитетот на фотографијата. P30 Pro исто така има и најдобра батерија во категоријата со капацитет од 4200 mAh, која со едно полнење овозможува до два дена постојано користење на телефонот.

- Advertisement -

Наградата на Huawei официјално ќе му биде доделена во текот на Саемот за потрошувачка електроника во Берлин (IFA) на 6 септември за време на свеченото отворање.

Сподели!
- Advertisement -