Високите сметки за електрична енергија, освен што предизвикуваат главоболка, тие зафаќаат огромен дел и од семејниот буџет. Па, затоа е важно да се внимава на тоа како и колку се троши. Кога станува збор за потрошувачка на електрична енергија, постојат уреди што трошат струја дури и кога се исклучени.
Полнач – ако го оставите полначот во штекер, иако на него нема уред за полнење, сепак се смета за потрошувач на струја. Иако се работи за околу 1,2 W на дневна основа, ако постојано ги оставате полначите во штекер, тоа ќе значи и потрошувачка на струја без потреба.
Телевизор – во моментот кога ќе го исклучите телевизорот преку далечинското, тоа не значи дека телевизорот не троши повеќе струја. Напротив, овој уред и понатаму ќе троши електрична енергија, иако помалку одошто кога на него ја гледате омилената серија, вести, документарец…
Дигитален ТВ ресивер – И овие уреди се потрошувачи на струја и кога работат, но и кога се во режим на мирување.
Уреди со вграден тајмер – Ако на шпоретот имате тајмер, во тој случај тој ќе продолжи да троши струја, иако веќе сте го свариле кафето или сте го зготвиле ручекот.
www.biznisinfo.mk