-0.5 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Huawei го лансираше најбрзиот чип во светот базиран на вештачка интелигенција

Kabtel desktop

Кинеската телекомуникациска компанија Huawei денес ги објави комерцијалните предности на својот најнов чип базиран на вештачка интелигенција, со кој им конкурира на водечките американски гиганти како Qualcomm и Nvidia. Со лансирањето на овој џип Huawei настојува да се спротивстави на континуираниот притисок на САД и да докаже дека и понатаму може да произведува основни технолошки компоненти.

Чипот се вика ascend 910 и по прв пат во јавноста беше претставен во октомври минатата година. Наменет е за центри за складирање податоци. Имено, на компаниите кои користат AI апликации им се потребни огромни количини податоци за управување со паметните алгоритми, што може да потрае неколку дена или недели.

Од Huawei порачуваат дека најновиот чип може да обработи повеќе податоци за пократок временски рок отколку конкурентските чипови и да помогне мрежата да се оспособи за обработка на податоци за само неколку минути. „Остваруваме одличен напредок откоако во октомври минатата година ја најавивме нашата стратегија. Се оди според планот, од истражувањето и развојот до лансирањето производи“ изјавија од Huawei.

Најновиот производ доаѓа во услови кога Huawei се соочува со притисокот од американска страна. Компанијата се наоѓа на црната листа на САД, која ги ограничува американските компании во соработката со кинескиот технолошки гигант. Меѓутоа, на компанијата пред неколку дена и беше продолжена привремената лиценца за соработка за 90 дена, што значи дека американските компании може да прават некои трансакции со Huawei.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •