0.1 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Forbes топ листа на најплатени актерки

Kabtel desktop

Американската актерка Скарлет Јохансон уште еднаш е на врвот на списокот за најплатени
актерки според списанието „Форбс“. Таа заработила 56 милиони долари за годината.

Минатата година, Јохансон исто така го зазеде првото место на табелата, заработувајќи 40,5
милиони долари помеѓу јуни 2017 и јуни 2018 година.

Како што забележува Форбс, улогата на „Црна вдовица“ во „Одмаздници“ се покажа како особено
профитабилна улога за Јохансон – оваа улога го зголеми приходот на актерката за четири пати.
Според магазинот, оваа година најголем дел од нејзините приходи доаѓаат од плаќање
надоместоци за настап во филмскиот универзум на „Марвел“ – повторно, „Црна вдовица“ и
„Одмаздници: Крајот“.

Второто место на рангирањето го зазеде ѕвездата на телевизиската серија „Американско
семејство“ Софија Вергара со приход од 44,1 милиони долари.

Рис Витерспун се искачи на две места од претходната година и заврши на третото место. „Форбс“ го
процени нејзиниот приход на 35 милиони долари.

Никол Кидман и Џенифер Анистон ги заземаатследните две места.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •