0.1 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Истражување докажа дека не постои геј ген

Kabtel desktop

Големо научно истражување на биолошките упоришта на сексуалното однесување на луѓето покажа дека не постои посебен геј ген, но беше установено дека сложената комбинација од генетиката и опкружувањето влијае на тоа дали некој ќе има сексуална склоност кон личности од истиот пол.
Во истражувањето биле анализирани податоци за ДНК и сексуалните искуства на половина милион луѓе. Се дошло до заклучок дека постојат илјадници варијации поврзани со истополовите сексуални партнери, но најголем дел од нив имаат мало влијание на тоа. Само пет генетски маркери се значајно поврзани со хомосексуалноста, но ни врз основа на нив не може да се предвиди нечија сексуална склоност.
„Скениравме цели човечки гени и најдовме само пет локации кои се јасно поврзани со тоа дали некој ќе има истополови сексуални односи“ велат научниците. Тоа значи дека другите фактори како опкружувањето, воспитанието и личноста се многу позначајни за сексуалкната ориентација како и во случајот со други човечки особини.
Ова истражување е едно од најголемите во светот, а анализирало анкетни одговори и спровело анализи на ниво на целокупниот геном на податоци од повеќе од 470.000 луѓе кои дале примероци од својата ДНК и податоци за своите сексуални преференции во Инститотот UK Biobank и во американската компанија за генетски тестирања 23andMeInc.
Активистите за правата на ЛГБТ заедницата го поздравија ова истражување и нагласија дека ова истражување дава уште докази дека да се биде хомосексуалец е исто толку природно како да се биде хетеросексуалец.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •