Под мотото „Заедно да градиме здрави навики“ на скопскиот плоштад „Македонија“ на 6 и 7 септември од 10 до 18 часот ќе се одржува овогодинешниот Фестивал на органска храна.

Според организаторот, листата на органски изложувачи се проширува. Оваа година на 9-тото издание на фестивалот ќе има изложувачи на органски мед, органска козметика, органски млечни производи, зеленчук и овошје, кафе, зачини, житарки…

Целта на фестивалот е да го промовира користењето на органските производи како важен сегмент во секојдневната исхрана.

Радио МОФ неодамна направи аудио подкаст/емисија токму за органското производство. Презентиравме органскo и одржливo производство, наградени идеи и стартапи кои го задржуваат балансот со природата, за да им овозможат на граѓаните поздрав живот.