Научници создадоа гел кој ја обновува глеѓта на забите

- Advertisement -

Кинески научници создадоа гел со помош на кој забрана глеѓ сама се регенерира, а тој изум би можел да ги спаси луѓето од пломбирање заби. Глеѓта е заштитен слој на надворешната страна од забите. Неговата дебелина и цврстина може да се намалат со џвакањето и несоодветната исхрана, што доведува до создавање кариес кој мора да се поправи со пломби за да се спречи расипување на забот.
Бидејќи пломбите се направени од метал, порцелан или смола, тие често се олабавуваат, па тоа повторно може да доведе до формирање кариес. За да ги решат тој проблем хемичарот Руиканг Танг и неговите колеги од Универзитетот Зеџианг во Кина произведоа гел кој ја гради природната глеѓ и се надеваат дека може да доведе со самообновување на забите.
Гелот го тестирале нанесувајќи го на веќе извадени заби од луѓе кои пред тоа ги оштетиле со киселина. Потоа забите ги ставале во садови со течност која ги имитира условите кои постојат во устата и ги чувале таму околу 48 часа. Во текот на тој период гелот почнувал да дејствува и го стимулирал растот на нова глеѓ.
Тој нов површински слој имал дебелина од само три микрометри, што е околу 400 пати потенко од оштетената глеѓ, но Танг смета дека гелот би требало да биде многу поефикасен ако се нанесува повеќе пати и дека во тој случај може да поттикне создавање на подебел слој глеѓ.
Научниците моментално гелот го тестираат на глувци и се надеваат дека наскоро ќе можат да почнат со клинички тестирања на луѓе. „Мора да се осигураме дека хемикалиите во гелот се безбедни и дека новата глеѓ може да се формира во устата дури и кога јадеме и пиеме“ велат тие.

Сподели!
- Advertisement -