Идната година во Париз ќе се отвори најголемата фарма на кров во светот

- Advertisement -

Идната година во Париз ќе се отвори најголемата урбана фарма на кров во светот. Ќе има површина од околу две фудбалски игралишта и секојдневно ќе го снабдува локалното население со свежо овошје и зеленчук. Растенијата ќе се одгледуваат вертикално за да се заштеди на простор.
На фармата нема да се користат пестициди и ќе се троши минимална количина на вода. Посетителите ќе можат да купуваат продукти и да ги однесат да им се зготват во ресторанот во склоп на фармата.
Властите на Париз планираат до 2020 година да покријат со зеленило околу 100 хектари урбани површини. Голем дел од тоа зеленило ќе бидат урбаните фарми. Градот веќе е дом на органска фарма за печурки во подземен градски парк, како и еколошка фарма на стара железничка линија.
Со урбаните фарми се кратат трошоците за транспорт на храната и се намалува емисијата на јаглерод диоксид.

Next year, Paris will open the world's largest rooftop urban farm

Change starts from the top.📕 Read more: https://wef.ch/30Od9QM

Posted by Video – World Economic Forum on Вторник, 27 август 2019

Сподели!
- Advertisement -