Иван Мрвош, основачот и директор на Include, се пофали со нова инвестиција на Facebook, нагласувајќи дека е тоа битен ден за неговата компанија. Стартапот Include доби нова инвестиција од 540.000 евра од најголемиот хрватски фонд за ризичен капитал Fil Rouge Capitala. На почетокот на годинава Мрвош преку платформата Funderbeam собра околу 2 милиони евра, па вкупниот износ на инвестициите во 2019 година во хрватскиот производител на паметни клупи порасна на 2,54 милиони евра.
„Fil Rouge Capital – FRC инвестираше половина милион евра, што значи дека во 2019 година досега сме обезбедиле 2,54 милиони евра инвестиции и сега ни следува период со големи предизвици во кој имаме намера да отвориме канцеларии во Италија, Германија, Франција, Шпанија, Обединетото Кралство. До крајот на 2020 година ќе презентираме и неколку нови и значително понапредни технолошки решенија за паметни градови“ напиша Мрвош на Facebook.
Иван Мрвош, хрватскиот изумител на паметните клупи, прими нова инвестиција од половина милион евра
- Advertisement -
- Advertisement -