18.3 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Србија ќе ја рекламира својата туристичка понуда на Alibaba

Kabtel desktop

Српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ,  изјави дека почнувајќи од 20 септември на една од платформите на Alibaba, Fliggy, ќе може да се види туристичката понуда на Србија, со посебен осврт на афинитетите на кинеските туристи. На кинеската телевизија CCTV почнаа да се прикажуваат две емисии специјално наменети за тие кои сакаат да снимаат филмови во Србија, а Љајиќ истакна дека целта е да се привлече дел од филмската индустрија со прифатливите цени и атракциите.
„Наша цел е да привлечеме дел од филмската индустрија со  нашите добри цени, со сите природни атракции што ги има Србија. Се надевам дека можеме да бидеме конкурентни и да развиваме ваков вид туризам со цел привлекување на кинески туристи“, изјави Лајиќ.
Тој најави дека Туристичката организација на Србија, покрај Меѓународниот саем на Кина за инвестиции и трговија-ЦИФИТ во градот Сјамен и провинцијата Фуџиен, ќе посетат уште еден саем во Азија, односно во Сингапур, со тоа што Кина ќе и ја претстави на Србија влезницата за цела Азија.
Покрај туризмот, на саемот ЦИФИТ ќе биде истакната и економската понуда на Србија. Потпишан е договор за продажба на овошна ракија од Србија на кинескиот пазар преку компанијата Golden Day.
Иако Европската унија не гледа благонаклоно на односите на Србија со Кина, Љајиќ наведе дека сите се обидуваат да заработат евтини пари, но дека ЕУ е апсолутен приоритет за Србија и на политички и на економски план.
„Од друга страна, ние сакаме да развиваме односи со Кина. Сакаме да имаме еден потполно транспарентен однос и да реализираме инфраструктурни проекти. Кој ќе понуди најдобри услови, ќе работиме со нив“ заклучи Љајиќ.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •