18.4 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Автомобилски гуми го следат притисокот во нив и може самите да се напумпаат по потреба

Премиум производителот на гуми Continental претстави нов концепт производ кој има навистина интересни можности. Новата гума се вика C.A.R.E. и има можност за прилагодување во текот на возењето, односно постојано самата ја следи сопствената состојба и го прилагодува притисокот.
Недоволно напумпаните гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво, а некаде околу 25% од возачите возат со гуми кои не се соответно напумпани според препораките на производителот.
Гумата на Continental има можност сама да го мери товарот кој го носи автомобилот, да ја следи општата состојба и притисокот внатре во неа. со помош на Bluetooth таа може да испрача клучни информации до инфотеинмент системот на возилата, а може и самата да го коригира притисокот. Имено, во гумата е вградена центрифугална пумпа која ја користи ротирачката сила на тркалата за да напумпа воздух под притисок и да го зголеми притисокот.
Засега нема информации кога ќе почне производството.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •