ВИДЕО: Слушнете ги првите звуци од Марс

- Advertisement -

InSight возилото на НАСА ги носи првите звуци од Марс. Американската вселенска агенција ги објави снимките  на сеизмометарот SEIS (Seismic Experiment for Interior Structure), кои ќе ви овозможат да го доживеете Марс преку звуци. Меѓу нив се наоѓаат и снимки од „марсотрес“, звуци од самиот инструмент и звуци од деловите на SEIS, кои се собираат и се шират во зависност надворешната температура на површината на Црвената планета.
Интересно е да се слушне нешто што доаѓа од планета која е оддалечена 200 милиони километри од нас. Како звучи потресот на Марс со јачина од 3,7 степени можете да слушнете на овој линк. Доколку ве интересираат и другите звуци од InSight, послушајте го видеото во прилог.

Сподели!
- Advertisement -