18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Зелена планета Колкава е емисијата на јаглерод диоксид во светот?

Колкава е емисијата на јаглерод диоксид во светот?

Kabtel desktop

Климатските промени се најчеста тема на разговор деновиве, па луѓето претпоставуваат дека владите и организациите преземаат нешто за да се намали емисијата на јаглерод диоксид. Е па, изгледа не е баш така. Минатата година емисијата на стакленички гасови, всушност, пораснала за 2,1% и покрај постојано споменуваните заложби  како Парискиот климатски договор од 2016 година за одржување на порастот на глобалните температури на минимум.
Да ја земеме за пример Кина. И покрај тоа што е лидер по инвестициите во обновлива енергија, емисијата на стакленички гасови во земјата уште се покачува. Минатата година оваа суперсила била одговорна за дури 1/3 од емисијата на јаглерод диоксид на глобално ниво. Неодамна Кина исто така инвестираше во нови фабрики на јаглен, за се прогнозира дека емисијата на стакленички гасови ќе се зголемува барем до 2030 година.
Втората земја која е најголем загадувач со јаглерод диоксид се САД. Тие се одговорни за 15% од глобалната емисија на овој отровен гас, што сепак е далеку зад Кина со 27%. Но, САД има најголема емисија на CO2 по човек – 16,6 тони по лице, што е далеку над просекот во Кина од 4,8 тони по човек. Во изминатите децении земјата постепено ја намалуваше емисијата на стакленички гасови, но повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор значи дека ќе има уназадување.
Заедно 28-те земји-членки на Европската унија се третиот најголем загадувач со јаглерод диоксид во светот – тие заедно се одговорни за 9% од емисијата на СО2 на глобално ниво. ЕУ се обврза до 2020 година да ја намали емисијата на стакленички гасови за 20% во споредба со нивото од 1990 година; 20% од вкупната консумација на енергија да биде од обновливи извори; да ја зголеми енергетската ефикасност за 20%. До 2050 година, пак, ЕУ сака да ја намали емисијата на стакленички гасови за 80%-95% споредено со нивото од 1990 година.
Најдоминантната економија во регионот, Германија, користи многу јаглен. Во 2016 година повеќе од 42% од домашно произведената енергија била од јаглен. Со оглед на тоа дека емисијата на стакленички гасови се уште расте, пред нас стои многу работа. На неодамнешниот климатски форум на ОН во Њујорк генералниот секретар на ОН, Антониот Гутјерес, упати апел до сите земји во светот да преземат итни здружени мерки за да се ограничат ефектите од климатските примени затоа што како што истакна „Земјата сега е бесна и ни возвраќа за она што и го правиме“.

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •