Светскиот економски форум го објави годинашниот извештај за конкурентност

- Advertisement -

Глобализацијата и Четвртата индустриска револуција создадоа нови можности, но исто така предизвикаа и поларизација меѓу економиите и општествата. Во тој контекст, Светскиот економски форум, организација со седиште во Женева, минатата година го воведе новиот Глобален индекс на конкурентност 4.0, економски компас за кој имаше огромна потреба, а е базиран на 40 години искуство во идентификувањето на двигателите на долгорочната конкурентност.
Индексот е годишно четиво за сите креатори на политики кои сакаат да гледаат подалеку од краткорочните и реакционерски мерки и наместо тоа да го проценат напредокот преку низа фактори кои да определуваат продуктивноста. Во индексот се вклучени 140 земји, а факторите кои се анализираат се поделени на 12 столбови: институции, инфраструктура, усвојување на ИКТ, макроекономска стабилност, здравство, вештини, пазар на производство, финансиски систем, големина на пазарот, динамичност на бизнисите и способност за иновирање.
Годинава на врвот на листата се најде Сингапур со оценка 84,8. Веднаш зад него следуваат САД со оценка 83,7 и Хонгконг со 83,1. На четврто и петто место се најдоа Холандија (82,4) и Швајцарија (82,3). Во топ 10 на листата се и: Јапонија (82,3), Германија (81,8), Шведска (81,2), Обединето Кралство (81,2) и Данска (81,2).
Најдобро рангирана од соседите е Бугарија на 49. место со оценка 64,9, па Грција на 59. место со оценка 62,6, Хрватска на 63 место со оценка 61,9, Србија на 72. место со оценка 60,9, Албанија на 81. место со оценка 57,6. Македонија е веднаш под Албанија на 82. место со оценка 57.3.

Сподели!
- Advertisement -