7.2 C
Skopje
петок, ноември 15, 2019

Дрогериите dm во Македонија од следната недела ќе ги укинат пластичните кеси

Kabtel desktop

Дрогеријата dm во Македонија од следниот понеделник нема да даваат пластични кеси. Оваа новина ја најавија со слоганот „ОДБИРАМЕ СОВЕСНО“. 

Го најавуваме почетокот на крајот на пластичните кеси во dm! Како компанија која е посветена на зачувување на околината и создавање подобро утре, ОДБРАВМЕ СОВЕСНО и решивме дека од 21.10.2019 ги укинуваме пластичните кеси од нашите дрогерии. Затоа ве повикуваме, за шопинг во нашите дрогерии да носите свои торби, а ние во нашите дрогерии ќе продолжиме да ви нудиме еколошки повеќекратни алтернативи на досегашните кеси за еднократна употреба, соопштија од компанијата. 

Пред два месеци, пластичните кеси ги повлече и дрогеријата dm во Босна и Херцеговина и наместо нив почна да им дава на купувачите платнени торби. Од таму објаснија дека купувачите ќе добијат „торба за цел живот“, така што оштетената платнена торба ќе можат бесплатно да ја заменат за нова. Целта е да се намали употребата на тенките пластични кеси, кои се користат просечно по 12 минути, додека нивното разградување трае неколку стотини години. 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •