10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Оптимистите имаат пониска стапка на ризик од срцеви и мозочни удари

Kabtel desktop

Луѓето со позитивен став во животот веројатно поретко отколку песимистите ќе се соочат со срцеви или мозочни удари, а веројатно и подолго ќе живеат, покажа едно ново истражување. Во истражувањето кое се базира на постојни истражувања научниците анализирале податоци од 15 студии во кои биле вклучени нешто помалку од 230.000 луѓе, а биле следени во период од 14 години.

Во текот на тој период најоптимистичните луѓе имале 35% помали шанси од најпесимистичните за појава на срцеви или мозочни удари, а 14% помали шанси да умрат од некоја друга причина, објави JAMA Network Open.

Тие резултати сугерираат дека позитивното и негативното размислување не само што влијаат на квалитетот на животот, туку може да бидат поврзани со здравјето, велат авторите на студијата. Оптимистите имаат попозитивни здравствени навики кои им помагаат да живеат подолго, додаваат тие.

Тие подобро се хранат, повеќе вежбаат и помалку пушат, а имаат и подобри начини за соочување со проблемите, што им помага да бидат проактивни на полето на своето здравје и да поминат низ тешки времиња без да ги сменат навиките во нездрави.

Наспрема тоа, песимизмот може да поттикне почести воспаленија и да ги направи луѓето поподложни на развој на метаболички пореметувања кои може да го скратат животот. Додека многу студии изминатите неколку децении утврдиле поврзаност меѓу стресот и промените на расположението со поголем ризик од срцеви заболувања, овие резултати нудат нови докази дека начинот на кој гледаме на животот може да влијае на здравјето на срцето.

„Оптимизмот долго време се поврзува со подобри резултати на училиште и на работа, во спортот, во политиката и во друштвените односи, но тоа е и здравствено прашање кое досега не било доволно истражено“ се вели во студијата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •