Половина век Интернет комуникација

- Advertisement -

Пред педесет години, две букви беа пренесени преку интернет, засекогаш менувајќи го начинот на кој ќе се разменуваат знаењето, информациите и комуникацијата.

На 29 октомври 1969 година, Леонард Клинрок, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Калифорнија и неговиот студент Чарли Клин сакаа да испратат пренос од компјутер на универзитетот на друг компјутер во Институтот за истражување на Стенфорд преку АРПАНЕТ, претходникот на она што ние сега го знаеме како интернет.

- Advertisement -

АРПАНЕТ ги поврзувал универзитетите кои тогаш работеле за Министерството за одбрана во развивање на нови воени технологии.

Во 1969 година, само четири универзитети имале компјутери – кои биле големи колку цела соба, со климатизација под подот.

- Advertisement -

Пораката која Клинрок и Клин сакале да ја испратат била „login“, но нивниот систем „паднал“ веднаш штом ја испишале втората буква. Потребно било еден час да се испрати целиот збор, но дотогаш, „lo“ го зафати своето место во историјата на интернетот.

SDS Sigma 7 – компјутерот преку кој за првпат е пратен порака на интернет

- Advertisement -

Две години подоцна, во 1971 година, е испратен првиот мејл од истражувачот на МИТ, Реј Томлинсон – што исто така беше и првиот пат кога знакот „@“ се искористил за да назначи специфичен примател на порака.

Светската мрежа (www), како што ја знаеме денес, не беше измислена до 1989 година, кога британскиот компјутерски научник Тим Бернерс-Ли ја измисли мрежата и технологиите за пристап, создавање и споделување на веб-страници. Тој ја објави првата веб-страница во 1991 година.

Но, многу од услугите и веб-страниците што го дефинираат модерниот интернет беа создадени дури години подоцна. Амазон започна со продажба на производи во 1995 година, првото пребарување на Google се случи во 1998 година, а iTunes започна да функционира во 2003 година.

Во меѓувреме, најголемата денешна мрежа за социјални медиуми, Фејсбук, не беше измислена до 2004 година. Јутјуб започна во 2005 година, а Твитер не постоеше до 2006 година. Инстаграм, пак, излезе дури во 2010 година.

(www.radiomof.mk)

Сподели!
- Advertisement -