10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Најновото и револуционерно откритие на Young Engineers – Algo play, со која деца програмираат со Лего коцки, пристигна од Израел

Kabtel desktop

Децата од Македонија, рамо до рамо со своите врсници од 50 земји од светот, ќе можат да учат да програмираат со Лего, преку програмата Algo play на Young Engineers Macedonia.

При изучувањето на годишните програми на Young Engineers во неколку нивоа, децата се стекнуваат со знаење од областа на програмирањето, машинското и софтверско инженерство, се поттикнуваат во алгоритамското, креативно, критичко и размислување насочено кон решавање на проблеми. Исто така се стекнуваат со лидерски способности, емпатија, тимски дух и „оutside of the box“ размислување. Овој начин на иновативно учење доаѓа од Израел и успешно се пренесува и имплементира во повеќе од 50 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија преку Young Engineers Skopje Macedonia, лиценца на светскиот бренд Young Engineers, со помош на која децата се стекнуваат со вистински вредности во подготовка за животот на иднината, по стандардите на Израел како една од водечките нации на полето на иновации на глобално ниво.

“Чест и задоволство ни е што ја донесовме и програмата Algo Play за нашите дечиња, програма која во патот на развојот ги помина сите неопходни процеси на адаптации, презентирања и прифаќања од страна на клучни луѓе од светот меѓу кои и Принцот Вилијам, Војводата од Кембриџ”, вели Сашка Теодосиевски, основач и менаџер на единствената интернационална лиценца за STEM едукација во Македонија Young Engineers Macedonia, која додава:

Продолжуваме понатаму, со помош на нашиот професионален тим на стручни наставници и со големо задоволство ја најавуваме програмата Algo Play која е најновото и најреволуционерното откритие на Young Engineers!

Тимот на Young Engineers е спремен да ги вклучи сите заинтересирани дечиња во изучување на нашите програми.

За повеќе информации и избор на термин, повеќе на линкот: УПИСИ ЗА ГЕНЕРАЦИЈА 2019/2020.



Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •