8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Нина Николиќ: До утре е отворено пријавувањето за bootcamp за жени претприемачи

Kabtel desktop

Аплицирањето за учество на bootcamp за жени претприемачи е отворено до овој четврток 7.11 и е за жени претприемачи кои се во почетна фаза на развој на нивниот стартап. Потребно е тие да ја регистрирале нивната компанија пред најмногу 6 месеци или да се во процес на регистрација во наредните 3-6 месеци. Пополнувањето на апликацијата е онлајн преку оваа форма.

Bootcamp-от започнува на 11.11 во MKstartups Space, на рекорд, со поддршка на Асоцијацијата Стартап Македонија. Ги повикуваме сите заинтересирани компании, индивидуалци, организации да ја поддржат оваа иницијатива и првата генерација на учеснички, да не контактираат на mkstartupsspace@gmail.com
Деталите од Нина Николиќ, координатор на Швајцарската програма за претприемништво, (SwissEP).

„Селектирани ќе бидат максимум 10 учеснички бидејќи сакаме оваа програма да биде што е можно по персонализирана. Ќе има 5 модули каде домашни и странски експерти (со поддршка на SwissEP) ќе работат со нив за вовед во стартап и иновативниот екосистем, правни аспекти, дигитален макретинг, бизнис модел канвас, формирање и водење на тим, презентација, инвестицкиски можности… Исто така оваа група ќе има уникатна можност за поврзување, меѓусебно учење, можност да присуствуваат на активности во склоп на глобалната недела на претприемништво 18-24 Ноември, како и да ги претстават своите бизниси пред инвеститорка од Швајцарија и дел од нив ќе имаат можност да учествуваат на 8мото издание на Стартап Викенд Скопје благодарение на тимот од Солвео, кои се организатори на тој настан“, објаснува Николиќ.

Кои се придобивките на учесниците од овој bootcamp 
По две години откако започна Womenpreneurs Stories иницијативата која споделува инспиративни приказни, голем дел од присутните бараа поддршка во почетоците при започнување свој бизнис. Ние го слушнавме нивното барање и излегуваме во пресрет. Да им помогнеме да стекнат вештини, да се поврзат и да можат да градат успешна стартап приказна со поддршка од стартап заедницата. Дел од нив се надеваме понатака да влезат во некој од трите акселератори, да растат на нашиот пазар и да се конкурентни и освојуваат регионални и интернационални пазари, да креираат компетитивни работни места и секако тие да бидат оние кои ќе ја инспирираат и менторираат следната генерација на претприемачи. 

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!