10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Google го купува Fitbit во зделка вредна 2,1 милијарди долари

Kabtel desktop

Google ги најави своите планови за купување на Fitbit, најголемиот производител на фитнес гаџети во светот. Зделката е вредна околу 2,1 милијарди долари и е една од најголемите аквизиции на Google.

Пазарот за преносни гаџети расте многу брзо. Иако Google произведуа хардвер како што се телефоните Pixel и уредите Nest, нема забележителен напредок на пазарот за паметни часовници и други преносни уреди.

„Со ресурсите на Google и глобалната платформа Fitbit ќе може да го забрза иновирањето во категоријата преносни гаџети, побрзо ќе може да скалира и ќе стане уште подостапен за секого“ велат од Fitbit.

Реакциите на оваа најавена аквизиција се позитивни, а после најавата имаше и скок на цените на компанијата-мајка на Google, Alphabet. Цената на Fitbit остана непроменета. Аналитичарите не се изненадени од аквизицијата затоа што уште пред неколку години се појавија гласини дека Google ќе лансира своја линија паметни часовни со кои ќе им конкурира на Apple Watch.

Се очекува аквизицијата да биде финализирана во 2020 година. Претходно годинава Fitbit ја намали цената на некои свои уреди и го лансираше сервисот со претплата Fitbit Premium, кој нуди подетални податоци за спиењето, фитнес и севкупното здравје.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •